Мени

Одбојкарките започнуваат со одбрана на титулата на домашен терен

23.10.2017 15:06 | KumanovoNews

Актуелниот освојувач на двојната круна во Македонија, одбојкарките на СВСК Куманово денеска започнуваат со одбрана на шампионскиот трон.

Одбојкарките започнуваат со одбрана на титулата на домашен терен

Денеска во салата на Економското училиште тие ја пречекуваат екипата на Бами Кор од Тетово.Овие две екипи одиграа еден натпревар пред десетина дена во турниот кој беше организиран од ОК СВСК, каде што нашата екипа беше поуспешна со резултат 2:1 (25:20, 25:16, 13:25).

Натпреварот започнува во 20:30.