×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одлична мото-трка во Забел

    19.04.2011 07:47 | KumanovoNews

     Викендов во Општина Старо Нагоричане се одржа традиционална мото-крос трка "ЗАБЕЛ 2011" во организација на градоначалникот, Мотоциклистичка федерација на Македонија и мото-крос клубот „Вардар„ од Скопје.

    Одлична мото-трка во Забел

     Трката се одржа на стаза по европски стандарди на м.в. „Забел„. Учествуваа познати имиња во мотокрос напреварувањата од нашата земја, Косово и  Бугарија. Натпреварувањето помина во возбудлива атмосфера со голем број на посетители и гледачи кои беа воодушевени од натпреварувачите.

    „На патеката Забел, по одлично време за возење се одржа првата трка од македонскиот шампионат во мотокрос. Бројната публика имаше можност да ужива во вкупно пет трки.Вниманието на публиката го привлекоа младите Зак и Блек Скот, кои се по потекло од Јужна Африка, а настапија на трката како членови на МК Вардар од Скопје. Публиката со смеење и аплауз ги проследи бројните падови на шест годишниот Зак, кој и покрај се ги заврши двете трки-вели градоначалникот Јовановиќ.

    На трката по класи, најуспешни беа:

     MX-85

    1.Фетија Елези MK „Вардар„ Kawasaki 25+25

    2.Блек Скот MK „Вардар„KTM 22+22

    3.Зак Скот MK „Вардар„ KTM 20+20

    MX-21.

    Никола Гулевски MK „Пелистер„ Suzuki 25+252.

    Драган Ванов MK „Мото Велес„ KTM 20+223.

    Емин Халили MK „Шар Тетово„ Kawasaki 22+204.

    Стефан Денковски MK „Вардар„ Kawasaki 18+18              

    MX-11.

    Гоце Томовски MK „Гого Хонда„ 25+252.

    Јован Јовановски MK „Мотостар„ Suzuki 22+223.

    Миодраг Станкович MK „Мотостар„ Kawasaki 20+204.

    Игор Спиров MK „Гого Хонда„ 18+18      

    MX-3 (Хоби)

    1.Борче Стојановски MK „Мотостар„ Suzuki 252.

    Ѓоре Караколев MK „Мото Велес„ KTM 223.

    Глен Скот MK „Велес„ Kawasaki 204.

    Сашко Ванов MK „Мото Велес„ Suzuki 185.

    Диме Цветков MK „Вардар„ Kawasaki 16