Одложен е натпреварот Карпош Соколи - Куманово
28.03.2015 13:52
| KumanovoNews
Натпреварите од Суперлигата за Куманово ќе започнат следната недела. Натпреварот со Карпош Соколи е одложен.

Тимот од Скопје сеуште ги нема регулирано својот статус и пререгистрирање од спортско во акционерско друштво.
Дали натпреварот ќе биде преигран, или Куманово ќе го добие со службен резултат, ќе се решава на седницата на Здружението на првиолигаши.