×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Олимпијакос и Сиена во четвртфиналето на Евролигата

    25.02.2011 15:30 | KumanovoNews

    Грчки Олимпијакос за разлика од својот градски ривал Панатинаикос, коло пред крајот го обезбеди местото меѓу најдобрите осум во најелитната кошаркарска лига, Евролигата

     

    Олимпијакос и Сиена во четвртфиналето на Евролигата

    Покрај Реал Мадрид, Барселона и Макаби Тел Авив, петтото коло го промовираше и Олимпијакос и Монтепаски Сиена во завршницата за битка за место на фајнл-форот, а петтото претпоследно коло остави уште три слободни места, за иднонеделната завршница на топ 16 фазата.

    Каха Лаборал ја совлада Уникаха со 78-63 и со скор 3-2 се израмни со Панатинаикос и со Литвос Ритас во групата Е, па во последното коло трите екипи че се борат за двете места во четвртфиналето. Панатинаикос е во најдобра ситуација затоа што ќе игра со отпишаната Уникаха, а во меѓусебен дуел ќе решаваат Литвос Ритас и шпанскиот првак.

    Барселона и Макаби уште претходно го обезбедија пласманот меѓу осумте најдобри, па вечерва играа меѓусебе за првата позиција, која носи предност на домашен терен. За ваква привилегија се избори Барселона со победа во Тел Авив со 92-85 по продолженијата (73-73).

    Во Г-групата, разврска синоќа имаше за двете места. Партизан загуби од Реал Мадрид со 56-61 во меч без значај затоа што „кралскиот клуб“ обезбеди минатото коло четвртфинале, а Монтепаски во Сиена го совлада Ефес со 88-76, па италијанскиот тим со победа повбеќе и со подобар меѓусебен дуел од Турците е недофатлив за нив пред последното коло

     Сиена интересно ќе вкрсти со Олимпијакос во едно од четвртфиналињата. „Црвено-белите“ од Пиреа го совладаа Фенербахче на гости со 80-65 и на тој начин го обезбедија четвртфиналето. Валенсија се радуваше во Каунас кај Жалгирис со 80-74, па за второто место последното коло ќе решава и тоа во директен дуел на тимот од Виторија против Фенербахче, а на шпанскиот тим му е потребен триумм со над четири поени.(кирилица)