Партизан се пласираше на фајнл фор турнирот

02.04.2010 17:27 | KumanovoNews

Екипата на Партизан вчера успеја да ја совлада екипата на Макаби, со што се пласираше на завршницата на Евролигашките натпревари. Со резултат од 76 - 67, белграѓани успејаа да го добијат фаворизираниот Макаби, а вкупната серија ја завршија победувајки со 3:1.

Партизан се пласираше на фајнл фор турнирот

Ова е фантастичен успех. Некој да ми кажеше дека за 1. арпил ќе се соопштува ова вест, сите ние би мислиле дека е тоа првоаприлска шега. Секоја чест на играчите, навистина е тешко да се игра под овој притисок, фала на навивачите и подршкат.  Беше навистина тешко, играчите имаа свој очигледен квалитет, се бореа до крај, бидејки знаеја дека овој пораз е крај за нив - изјави за новинарите Вујошевиќ.

Партизан на 7. мај во Париз игра против екипата на Олимпијакос, против која оваа сезона имаат скор од 1-1. Втората двојка е Барселона - ЦСКА. Финалето се игра на 9. мај.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk