×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет медали за гимнастичарите на „Атлета“ на Државното првенство во Битола

    06.06.2022 20:57 | Стефан Николиќ

    Oдлични резултати постигнаа членовите на гимнастичкиот клуб "Атлета" од Куманово на Државното првенство во Битола. 

    Пет медали за гимнастичарите на „Атлета“ на Државното првенство во Битола

    Во силна конкуренција на преку 100 натпреварувачи од целата држава кумановските гимнастичари освоија пет медали, една златна и по две сребрени и бронзени. Клубот учествуваше со 17 натпреварувачи, 9 во машка и 8 во женска конкуренција. 

    „Освоивме прво место во екипна конкуренција машки (помлади јуниори) и два бронзени медали во поединечна конкуренција. Во машки "А" програма до 9 години, Калин Илијевски освои трето место во категорија помлади јуниори, а во „Б“ програма јуниори Бојан Ефремовски исто така се избори за 3 место.  Во женската "А" програма во екипна конкуренција, освоивме второ место во категорија јуниорки и трето место во категорија помлади пионерки“, изјавија тенерите Филип Миленковски и  Никола Златановски.

    Натпреварите беа во „А“ програма во машка и женска категорија и во “Б“ програма во машка категорија.