Пинг понг турнир по повод Денот на градот
09.11.2019 09:54
| KumanovoNews
Пинг понг клубот „Куманово“ и Општинскиот сојуз на спортови, денеска го организираат десетиот традиционален Меѓународен турнир во пинг понг за ветерани „Куманово 2019“.

Турнирот започна во 10.30 часот, а се одржува во спортската сала на Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, со учество на гости од Србија, Бугарија и Македонија.
Традиционално секоја година турнирот се организира по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември.