Пингпонгарките од „Куманово“ вицешампиони во Македонија
08.12.2014 15:53
| KumanovoNews
На Државното екипно првенство за младинки и младинци викендов во Штип, пингпонгарките од пинг - понг клуб “Куманово“ освоија второ место.

Младата екипа забележа уште еден успех за почит. По минатонеделната титула Државен првак во пионерска конкуренција, пингпонгарките се втори и вицешампиони на Република Македонија во младинска конкуренција - вели Мики Трендафиловски, тренер во пинг-понг клубот Куманово.