×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По шести пат трка мали велосипедисти

    09.06.2010 13:56 | KumanovoNews

     Михаил Николовски од градинката „Синоличка„ е победник на годинешнава велосипедска трка што денеска се одржа во Стариот градски парк. Во трката учествуваа педесетина дечиња од големите групи на сите градинки, а најдобрите добија медали, дипломи и маички.

    По шести пат трка мали велосипедисти

     Oваa година по шести пат се одржува трката на мали велосипедисти, наменета за дечињата од предучилишна возраст кои на есен треба да тргнат на училиште. Во иднина ќе настојуваме манифестација да стане традиционална. Околу 50 дечиња учествуваат во натпреварувањето, а присуствуваа над 120 дечиња. Од година во година манифестацијата побудува интерес и кај граѓаните и родителите со што имаме поголем поттик понатаму да размислуваме да стане регионален натпревар, дури и на повисоко републичко ниво - рече Виолета Богдановска, началник на Одделот за превенција при МВР.

     Манифестацијата на почетокот ја организираше градинката „Ангел Шајче„, клон „Синоличка„ и велосипедскиот клуб „Вело М„ ,но последниве две години покртовител на натпреварувањето е Општинскиот совет за безбедност во сообраќај на патишта, потпомогната од СВР Куманово од Одделението за превенција со едукативна поука за безбедно учество во сообраќајот на најмладите.