×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати најдобрите ученици-шахисти

    18.10.2010 10:46 | KumanovoNews

     Викендов во организација на Општинскиот сојуз на училишни спортови и Градскиот шаховскиот клуб „Куманово„ се одржа поединечното првенство во шах за ученици од основните училишта. На натпреварувањето учествуваа педесетина ученици од сите училишта во градот.

    Познати најдобрите ученици-шахисти

    Во женска конкуренција прво место го освои Елена Крстевска осмо одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци„, втора беше Андријана Ѓорѓевска шесто одделение од основното училиште „Крсте Мисирков„ и третото Андријана Георгиевска седмо одделение од „Вук Караџиќ„.Кај машките  најдобар беше Милан Величковски, седмо одделение од „Магдалена Антова„. За второ и трето место во идната сабота во 10.00 часот, ќе се натпреваруваат Коста Јаневски, Милош Арсиќ, Александар Ѓоргевски, Милан Марковски и Предраг Ристиќ- објави Слободан Ковачевски, претседател на шаховскиот клуб.

    Тројца најдобро пласирани во женска и во машка конкуренција ќе земат учество на државно првенство што ќе се оддржи во Скопје на 19 ноември оваа година.

    На натпреварувањето учествуваа ученици од прво до осмо одделение. Ова е само почеток на остварување на програмата на клубот и активностите на екипата на Куманово што го претставува градот на македонската шаховска сцена и котира многу висока. Со отварањето на шаховската школа ќе дојде до смена на генерации во шаховската игра во Куманово, бидејќи очекуваме голем прилив на млади шахисти од градот -смета Ковачевски.

    И од Сојузот на училишни спортови потврдуваат дека интерсот на децата за шахот и останатите спортови е на високо ниво, поради што  ќе се организираат повеќе спортски манифестации во училиштата.

    Наградите на најдобрите шахисти од основните училишта ќе им бидат доделени во сабота на 23.10 во просториите на градскиот шаховски клуб од страна на градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Спонзори на шаховската спортска манифестација беа сокарата „Кватро„ и пекарата „Златен Клас„.