×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени најдобрите спортисти

    07.03.2011 01:29 | KumanovoNews

    Општинскиот сојуз на спортови Куманово додели награди и признанија на најуспешните спортисти и спортски работници за мината година.

    Прогласени најдобрите спортисти

    Најдобар спортист на Куманово за 2010 година е прогласен Стефан Серафимовски, велосипедист од ВК „Цикло спорт“, државен првак во велосипедизам, победник на многу велосипедски трки во државата и странство. Пехарот му го врачи градоначалникот Зоран Дамјановски, кој на отварањето на манифестацијата најави интензивна популаризација на спортот, со цел Куманово да го вратити епитетот спортски град.

    Локалната  самоуправа и Советот на Општината ќе дадат се од себе кошарката да опстои во Супер лигата, а ќе помогнеме и во женскиот ракомет, одбојката, атлетиката, тенисот, боречките спортови, велосипедизмот, шахот и ревијалните спортови. Наскоро ќе започнеме со изградба на спортски терени, со кои ќе даде нов потик во развој и популаризација на спортот. Еден од првите проекти ќе биде изградбата на спортска сала во населбата „Перо Чичо„, атлетски полигон кај Соколана, затворен базен кај Спортската сала, мала сала за боречки спртови и други спортски терени. Само со вакви предуслови ќе создадеме спортски брендови во професионалниот спорт, кои ќе го претставуваат градот - рече Дамјановски.

    Најдобри спортисти во 2010 година се прогласени:

    1. Благојче Трајковски - ракометар - РК „Кумааново“

    2. Кире Милевски - одбојкар - одбојкарски клуб „Куманово“

    3. Љубиша Младеновски - падобранец - АК „Доне Божинов“

    4. Дарко Матиќ - кошаркар - КК „Куманово-2009“

    5. Марјан Нојковски - атлетичар - атлетски клуб „СКОК“

    6. Габриела Трајковска - ракометарка - РК „Куманово“ жени

    7. Ибраим Мустафи - боксер - БК „Фајтер Илири“ Куманово

    8. Беким Рамадани - фудбалер - фудсал ФК „Ројал Илирет“

    Најдобар спортски клуб:

    Велосипедски клуб „Вело М“ од Куманово, познат по успесите во државата и на меѓународно ниво. Државен првак на Македонија и освојувач на купот на Македонија, со многу постигнати резултати во поединечни категории.

    Спортистите и спортските работници, како и пријателите на спортот ги поздрави и претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Виктор Божиновски, кој повтори дека тие секогаш даваат максимална подршка на сите клубови и поединци во борбата за што поголеми успеси и достигнувања.

    Клуб со најмногу освоени трофеи:

    Боксерски клуб „ФАЈТЕР ИЛИРИ“ од Куманово,

    Боксерите освојиа најмногу трофеи успешно представувајќи ја нашата општина и државата на турнирите во државата, и на меѓународни турнири во поединечна конкуренција.

    Најдобар клуб во лига систем натпреварување:

    Кошаркашки клуб „Куманово-2009“ од Куманово, го освои првото место во Втората лига, со што се стекна  со право на натпреварување во најелитната лига во кошарка во кој постигнува забележителни резултати.

    Најхрабрите спортисти кои постигнаа голем успех искачувајќи се  на врвот Мон Блан на Алпските планини:

    1. Катарина Серафимовска - планинарка - СПК „Козјак“ Куманово

    2. Марјан Милановски - планинар - СПК „Козјак“ Куманово

    3. Виктор Венцовски - планинар - СПК „Козјак“ Куманово

    4. Ана Стојмановска - планинарка - СПК „Козјак“ Куманово

    Дипломи за посебен успех и афирмација на спортот во општината и републиката:

    1. Бранислав Љубомир - фудбалер - фудсал - капитен на Македонска репрезентација

    2. Арменди Алими - фудбалер - член на ФК „Истра“ Пула,Р Хрватска и член на репрезентација на Македонија.

    Најдобри млади спортисти во 2010 година:

    1.  Бисера Младеновска - каратистка - карате клуб „Куманово-75“

    2.  Стефан Петровски - велосипедист - ВК „Вело М“ Куманово

    3.  Јордан Вељковиќ - пливач - ПК „Аква“ Куманово

    4.  Маја Ивановска - ракометарка - РК „Куманово“ жени

    5.  Сандра Бошковска - каратистка - карате клуб „Куманово-75“

    6.  Ивица Крстевски - фудбалер - КМФ „Биџо“ Куманово

    7.  Ивица Лазаровски - ракометар РК „Куманово“

    8.  Фљорент Бислими - фудбалер - фудсал ФК „Ројал Илирет“

    9.  Стефан Серафимовски - кошаркар - КК „Куманово-2009“

    10. Адле Мусини - боксер -БК „Фајтер Илири“ Куманово

    11. Матеја Ефремовска - атлетичарка - атлетски клуб „СКОК“

    Успешни и заслужни спортски работници:

    1. Фитор Јакупи - фудсал клуб „Ројал Илирет“ Куманово

    2. Бобан Пеовски - ракометен клуб „Куманово“ жени

    3. Роберт Трајковски - ракометен клуб „Куманово“

    Успешни тренери:

    1. Газменд Хисеини - фудсал клуб „Ројал Илирет“ Куманово

    2. Мирослав Трендафиловски - пинг понг клуб „Куманово“

    3. Александар Јовановиќ - ракометен клуб „Куманово“ Куманово жени

    Успешни спортисти во посебни - рекреативни спортови:

    1. Љубша Крстевски - планинар - СПК „Козјак“ Куманово

    2. Кристијан Тодевски - танчер - ТСК „Динамик“

    3. Анастасија Величковиќ - танчерка - ТСК „Динамик“

    4. Марио Георгиевски - риболовец - ЗСР „Пчиња“ Куманово

    Признание за спортист ветеран

    1. Саша Митиќ - фудбалер - КМФ „БИЏО“ Куманово

    2. Изаим Бајрами - велосипедист - ВК „Вело М“ Куманово

    3. Зоран Ристовски - велосипедист - ВК „Вело М“ Куманово

    4. Борче Соларски - велосипедист - ВК „Цикло Спорт“

    Најдобар спортист лице со посебни потреби:

    1. Елизабета  Тодоровска - член на сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, посебен успех 1 златна и 2 сребрени медали во стрелаштво и атлетика на републички натпревари

    Најдобар спортист - пензионер:

    1. Бранко Почуча - атлетика - носител на златен медал во фрлање ѓуле

    2. Милорад Ивановски - најдобар тренер во атлетика

    Најдобри спортисти,училишта, тренери и спортски работник во домен на училишен спорт од основни училишта:

    1. Ангела Антевска - ОУ „Толи Зордумис“

    2. Давор Спасовски - ОУ „Браќа Миладиновци“

    3. Саша Николиќ - најдобар тренер од ОУ “Толи Зордумис“

    4. ОУ „Толи Зордумис“ - најдобро основно училиште

    Од средни училишта:

    1. Катерина Јовановска - СОУ Гимназија „Гоце Делчев“

    2. Бобан Трајковски - СОУ „Перо Наков“

    3. Зоран Ивановски - најдобар тренер - СОУ Гимназија „Гоце Делчев“

    4. СОУМ Гимназија „Гоце Делчев“ - најдобро средно училиште

    5. Ивица Ѓоргиевски - најдобар спортски работник

    Надежи и перспектива во спортот се најмладите спортисти, кои со својот настап во првенствата, имаат постигнато веќе забележителни резултати во своите катогории, на општински, зонски, регионални и републички па и други меѓународни турнири и натпреварувања.

    1. Давид Бирдевски - пингпонгар - ППК „Куманово“

    2. Фетије Адеми - каратистка - карате клуб „Теута“ Куманово

    3. Ардит Бислими - каратист - Каратист - карате клуб „Теута“ Куманово

    4. Никола Ѓукиќ - велосипедист - ВК „Вело М“ Куманово

    5. Методи Соларски - Велосипедист - ЦК „Цикло Спорт“

    6. Ангела Ангеловска - каратистка - Кар.К. „Куманово-75“

    7. Михаила Величковска - велосипедистка - „Вело М“ Куманово

    8. Никола Зарковски - атлетичар - АК „СКОК“ Куманово

    9. Николче Митевски - фудбалер ФК „КУ-во Еурос“

    Манифестацијата се одржа под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината Куманово.