×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прва победа на домашен терен

    06.11.2010 21:11 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово го скршија мразот на домашен терен и ја забележаа првата победа. По победата над Пелистер, Куманово врза втора победа во низа против Ултимејт Баскет од Прилеп. Конечниот резултат беше 80:64.

    Прва победа на домашен терен

    Прилепчани добро го почнаа натпреварот, и првата четвртина ја завршиа со водство од 3 поени разлика. Куманово на почетокот ја бараше својата игра и се чувствуваше заморот кај своите најдобри играчи. Потоа домаќинот воспостави рамнотежа, и по 23:23 константно го зголемуваше водството. Освежување во екипата беше влегувањето на Нинковиќ кој со две тројки ја направи почетната разлика, а до крај на натпреварот даде уште една, и го заврши натпреварот со 100% учинок. Резултатот на полувреме беше 35:30, а во третата четвртина Дарко Станимировиќ со двете тројки го зголеми резултатот на 55:45. Натпреварот имаше мирен тек до крајот и конечниот резултат беше 80:64.

    Мислам дека оваа победа е потполно заслужена. Во првите пет кола имавме тежок распоред, забележавме пет порази и играме под притисок. Забележавме победа пред два дена, и имавме само еден ден за одмор, така да мислам дека играчите дадоа се од себе, бевме подобар противник и заслужено победивме. Сакам да и се заблагодарам на публиката која и овој пат дојде во голем број и ни даде голема подршка кон новата победа - изјави тренерот Горан Димитријевиќ.

    Најефикасни на натпреварот беа Дарко Матиќ со 21 поен, Дарко Станимировиќ со 15 поени, и Ратко Петриќ со 12 поени 13 скока. Кај Ултимејт Баскет центарот Ѓорѓе Јовановиќ постигна 20 поени а Филип Конзулов реализираше 17.

    Единствена сенка на натпреварот беше лошото судење, тензичната атмосфера и досудените 4 технички грешки, од кои по една на тренерите на двете екипи.

    Куманово следната сабота гостува на екипата на Торус до Скопје.