Радуловиќ го засили КК Куманово
22.07.2013 12:39
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово го доведе првото засилување за новата сезона. Дарко Радуловиќ е нов член на КК Куманово.

Радуловиќ беше желба на Куманово уште минатото лето, кога требаше да пристигне заедно со Владимир Георгиевски од екипата на Вардар.
Радуловиќ го изабра Кожув како следна дестинација, а покрај малата минутажа минатата сезона, оваа сезона ќе го гледаме во екипата на Куманово.
КК Куманово планира да се засили со уште 3 странски засилувања на позицијата бек, ценатар и крилен центар.