Ракометарите го пречекуваат шампионот Вардар
05.10.2022 13:32
| KumanovoNews
Екипата на Машкиот ракометен клуб "Куманово“ во четврток од 20 часот ќе играат против актуелниот шампион, тимот на РК „Вардар 1961“.

Натпреварот се игра во рамките од шесттото коло, каде што бранителот на титулата ќе се обиде да го задржи стопроцентниот учинок и да ја запише шесттата победа во низа.
МРК Куманово во досегашниот дел од сезоната забележа една победа и четири порази и се наоѓа на седмата позиција во групата А.
Натпреварот ќе се одигра во салата на Економското училиште со почеток во 20 часот.