Ракометарите на Куманово со појачување за сезоната која следува
08.03.2014 11:19
| KumanovoNews
На тренингот на машката ракометна екипа на Куманово вчера беше одлучено дека ракометарите со полна пареа и појачување во екипата го продолжуваат пролетниот дел од натпреварување.

Ниту финансиската состојба не ги спречува за борбата за опстанок во ракометната Супер Лига.
Од следниот натпревар во редовите на екипата имаат уште едно ново засилување на позицијата крилен напаѓач, ракометарот Јанчиќ кој неодамна се врати од странство.
Денеска Кумановчани патуваат во Ресен каде ќе го одиграат првиот натпревар од пролетниот дел против екипата на Преспа 10.