Ракометарките го пречекуваат Пелистер за почеток на првенството
18.09.2017 11:11
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово утре во го играат првиот натпревар во новата сезона во најквалитетното женско ракометно првенство, против екипата на Пелистер.
Кумановските ракометарки ќе настапат во идентичен состав, и ќе се обидат да направат чекор повеќе кон неприкосновените Вардар и Металург. Минатата сезона тимот успеја да направи подвиг и да забележи победа над Металург, па оваа сезона за очекување е да се пружат подобри партии против најквалитетните македонски ракометни колективи.
Прв противник на Куманово во новата сезона е тимот на Пелистер од Битола, екипа која заврши далеку зад Куманово. Натпреварот ќе се одигра во салата на ОУ Христијан Карпош со почеток во 19 часот.