Ракометарките гостуваат во Пробиштип, младинските екипи играат во Куманово
21.03.2014 14:36
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово утре во 15:30 играат против екипата на САП Акумулатори.

Екипата на Куманово во првиот меч оваа сеозна помеѓу овие два тима издвојуваше убедлива победа со резултат 28:15.
За сите љубители на женскиот ракомет, во недела во салата на основното училиште Христијан Тодоровски Карпот ќе се одиграат два дуела на младите селекции на Куманово. Во првиот натпревар со почеотк од 11:30 младинската екипа на Куманово игра против екипта на Металург, а веднаш по завршување на тој натпревар од 13:30 пионерите на ЖРК играат против екипата на Струма од Струмица.