Ракометарките ја декласираа Гевгелија
23.10.2017 13:27
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово забележаа нова убедлива победа, и тоа против тимот на Гевгелија со резултат 35:21.

Победникот на овој меч беше познат уште по серијата од 7-0 по која се знаеше дека гевгеличанки неможат резултатски да се вратат во мечот. На полувреме резултатот беше 18:8, додека до крајот на мечот Куманово го постави конечниот резултат од 35:21.
Мила Трајковиќ постигна 9 поени, Александра Боризовска и Викторија Пеовска постигнаа 7 голови. За Гевгелија Михаела Митревска постигна 14 гола.