Ракометарките од „Гоце Делчев“ трети на државно првенство
Ракометарките од Гимназија „Гоце Делчев“ викендов на државното првенство за ракомет жени во Велес, освоија трето место.

За најкорисен играч на првенството е прогласена Кристина Пејовска, ученичка во Гимназијата.
Голема благодарност до ракометарките што покажаа дека се одлични ученици, врвни спортисти, борбени и пред се покажаа желба за успех. Ми беше чест да бидам ментор на една ваква екипа. Во борбата за трето место во финалето, игравме со Гимназијата „Ј.Б.Тито“ од Битола и победивме со резултат 25:24„ - рече Александар Јовановиќ, ментор на ракометарките.
Првото место на првенството го освоија ракометарките од „Методија Митевски -Брицо“од Скопје, а втори беа ученичките од “Васил Антевски-Дрен“ исто така од Скопје.