Ранецот на Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ беше гост на серијалот „претурање по ранецот“ на „ТенисКанал“ и одкри што секогаш носи со себе на тениските мечеви.
На прво место се познатите „Хедови“ рекети, кои ги користи најдобриот српски тенисер, но и еден кој ретко се гледа - малечок во посебна футрола.
Него го користам кога не се чувствувам добро со големите. Можеби изгледа невозможно но многу е моќен - откри Ѓоковиќ.
Тој секогаш носи тениски топчиња, познатиот качкет на кој пишува Србија, но и возачка дозвола.
Можам да возам камиони, бродови, авиони, се што ви треба - изјави Новак.
Тука се и резервните патики, маици, чорапи, долен веш, камера, „ајпод“ кој го добил на подарок од браќата, нараквица со сите Светци, сувенир кој го добил од навивачите во Кина, школка на која е насликан Бел Анѓел, наочари за сонце, и Српско знаме.
Ова е посебно знаме. Со него го освоив Дејвис купотво Австралија, него го носам за среќа - изјави Ѓоковиќ.