×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ревијален фудбалски натпревар за млади

    14.11.2010 23:22 | KumanovoNews

     Националниот ромски центар од Куманово, викендов организираше ревијален фудбалски натпревар помеѓу две екипи, ученици со мулти-етнички состав од средните училишта, како завршна активност од одбележувањето на Акциона недела на ФАРЕ „Со фудбал против расизмот„.

    Ревијален фудбалски натпревар за млади

    Во фудбалските екипи беа вкучени Албансци, Роми , Македонци со цел да се забавуваме и да играме фудбал. Овие активности се одржуваат секоја година и се проширени во цела Европа, а ние како НРЦ пета година по ред се вклучуваме во тие активности. Неделата за борбата против расизмот во фудбалот е интереснен настан особено за младите и секогаш имаме пријавено голем број учесници – изјави Кирил Петковски-координатор за Фаре во Националниот ромски центар.

    Оваа манифестација годинава НРЦ ја спроведува со цел за помасовно вклучување на Ромите во спортот  ,особено во фудбалот. Во изминатиот месец имаше трибини и средби во повеќе градови со истакнати спортисти. На ревијалниот фудбалски натпревар присутни беа и поранешни фудбалери и тренери од фудбалскиот клуб Рома од Куманово.