РК Куманово ја пречекува екипата на Текстилец
14.03.2014 12:04
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во недела ја пречекуваат екипата на Текстилец од Штип.

После поразот во Ресен, Куманово ќе се обиде првата победа во пролетниот дел од сезоната да ја забележи на домашен терен.
И покрај тешката состојба со која се соочува клубот, ракометарите ќе се обидат да изборат опстанок во Супер-лигата.
Ги повикуваме сите љубители на ракометот во недела да присуствуваат во Спортската сала, и да и дадат подршка на домашните ракометари во борбата за опстанок на клубот - изјави тренерот на екипата Миодраг Јовановски - Црни.
Натпреварот се игра во недела во Спортксата сала во Куманово со почеток во 13:30 часот.