Шарапова го освои Индијан Велс
18.03.2013 09:31
| KumanovoNews
Одлична игра во финалето на Индијан Велс прикажа русинката, Марија Шарапова освојувајќи го трофејот на овој турнир со победата на Каролина Возњацки со 2:0 во сетови (6:2, 6:2).

Шарапова до трофејот стигна по убедливиот триумф, бидејќи данќињата успеа да и одземе само 4 гема на русинката.
Целата работа Шарапова ја заврши за 1 час и 20 минути и со тоа само ја потврди својата одлична форма, која ја прикажа на целокупниот турнир, каде што сите натпревари ги заврши без загубен сет.