×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Андреја Краљевски победник на втората Ендуро трка во Забел

    02.09.2022 10:18 | KumanovoNews

    Изминатиот викенд во општина Старо Нагоричане беше организирана втората ендуро трка од Македонскиот шампионат на кој учествуваа 20 натпреварувачи. Трката беше организирана од мото клубот „Сторм ридерс тим Куманово“ и донесе адреналин како за натпреварувачите така и за на публиката која дојде да го подржи овој настан.

    Андреја Краљевски победник на втората Ендуро трка во Забел

    „Вкупната должина на патеката беше 2.5 км која беше рачно изработена од членовите на клубот, кои цели 2 месеци секој ден макотрпно работеа за да направат прекрасна ендуро патека која ке ги задоволи ендуро стандардите. Трката содржеше 4 теста и 3 ендуро круга, и е составена од екстремни препреки од попречени дрвја, камења и гуми“, изјавија од „Сторм ридерс тим Куманово“.

    Победник на трката е Андреја Краљевски од Куманово кој во Е1 класата постави време од 5 минути и 23 секунди. Виктор Караколев од Moто Клуб Ендуро Тим Водно Скопје со 5 минути и 24 секунди го зазема второто место. Со оваа победа Краљевски е прв на табелата оваа година и е на добар пат да ја одбрани шампионската титулата и оваа година.

    „Оваа година генрален спонзор на настанот беше општина Старо Нагоричане која не себично како и секоја година овозможува да го направиме настанот на високо ниво и да ја задржиме традицијата 14 години по ред, а голема благодарност до Мотоциклистичка федерација, Kymco Motors, Peda motors, Online shop Gareja magazine, Јоцо Турс, Еврос Комерц, Златна 9ка и Гостилница Мујо кои го подржаа овој настан. Нашиот клуб има 10 членови од кои се 5 активни. Ние сме мото клуб од 10 члена кои сами си ги финансираат своите активности. Ги повикуваме сите ентузијасти да ја препознаат нашата визија и масовно да го развиеме овој мото спорт, како на домашно така и на европско ниво“, додадоа од „Сторм ридерс тим Куманово“.