СЕХА ЛИГА:ВАРДАР ПРО ГО ПРЕЧЕКУВА ЛОВЌЕН
22.03.2013 10:05
| KumanovoNews
Шампионот на ланското издание на регионалната ракометна СЕХА лига, тимот на Вардар Про,вечерва од 18 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје, е домаќин на Ловќен.

Со победа „црвено-црните“ ќе го обезбедат пласманот на завршниот турнир и ќе им се приклучат на екипите на Металург, Загреб КО и Мешков Брест.