Трета во низа победа на ракометарките на Куманово
31.03.2014 11:33
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово ја совладаа екипата на Пелистер 2012, со резултат 26-17.

ЖРК Куманово прикажа континуирано добра игра во текот на целиот натпревар и немаа проблем да забележат нова победа, трета по ред во пролетниот дел од сезоната.
Следниот викенд, ракометарките играат против екипата на Ѓорче, во Скопје.