Три сребра за кумановските боксери
18.06.2013 13:02
| KumanovoNews
На поединечното државно првенство во бокс кое викендов се оддржа во Штип, кумановските боксери добија три сребрени медали.
Медалите ги добија Џемаил Сакиповски, Никола Димитриевски и Никола Митевски. Најголема шанса за златен медал имаше Сакиповски додека Никола Митевски боксуваше во финалето со нашиот најдобар боксер Фалтум Жута, кој во вторник заминува во Турција на Медитеранските игри.
Првенството во Штип беше 20-то по ред.