Убедлива победа на Куманово во Прилеп
Кошаркарите на Куманово издвојуваа убедлива победа во последниот настап оваа сезона. Избраниците на тренерот Димитријевиќ го победија Ултимејт Баскет со резултат 62-106.

Со оваа победа Куманово ја завзема седмата позиција на табелата и обезбедува учество наредната година во Првата македонска лига.
Со завршувањето на последното коло екипата на Куманово ја завзема седмата позиција на табелата и обезбедува учество наредната година во Првата македонска лига. Покрај Куманово, опстанок во лигата обезбеди и Овче Поле, додека Пелистер се сели во Втора лига, а Ултимејт Баскет ќе игра со второпласираната екипа од Втората лига за опстанок во Прволигашка конкуренција.
На чело на табелата се наоѓа Фени Индустри, кој со МЗТ Скопје, Работнички и Торус ја формираат четворката која ќе се пласира во Плеј-оф натпреварите.