×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училишен турнир во мал фудбал

    25.03.2010 15:13 | KumanovoNews

    Во рамките на проектот „Спорт да - дрога не“, денеска во ОУ „Толи Зордумис“ започна натпреварувањето помеѓу десетте екипи од основните училишта во мал фудбал. Прокетот го резлизираат СВР Куманово во соработка со ОБСЕ, Локалниот совет за превенција и образовните институции во градот.

    Училишен турнир во мал фудбал

    „Целта е учениците да посветат на спортот, а преку едукативните предавања да им се укаже на учениците за штетните последици од дрогата“ - вели Ивица Ѓеорѓиевски, пртседател на училишен Сојуз на спортови.

    Победниците од натпрварите ќе учествуваат на регионалните натпревари во мал фудбал.

    Учениците имаа можност низ слики и практично покажување на различните видови дрога да се запознаат со штетите по физичкото и психичкото здравје од дрогата. Тимот е предводен од претставници за превенција од СВР Куманово, а учествуваат здравстевни работници, професори и родители .

    На предавањата се акцентира користењето и психофизичките последици при користење на екстази и амфетамин.

    Проектот ќе продолжи да се реализира и во општините Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.