×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Величковиќ: Сите знаат колку го сакам Партизан

    23.02.2011 15:36 | KumanovoNews

    Пет титули на првак на Србија, три НЛБ лиги, два Купа Радивој Кораќ е резултатот кој го имаше Новица Величковиќ додека играше во Партизан. Вечерва со Реал Мадрид за прв пат ќе настапи против својот матичен тим во Белградска арена.

    Величковиќ: Сите знаат колку го сакам Партизан

    Како четиринаесет годишник од Земун во 2001 година дошол во Партизан и за 3 години успеја да се наметне како дел во сениорскиот тим. Големата пожртвуваност на теренот, во одбрана во нападот го направија миленик на навивачите.

    Сите мои соиграчи знаат дека ќе излезат на најврелиот терен во Европа, но големите играчи сакаат да се борат во таква атмосфера. Сепак, на никого не му е сеедно кога ќе истрчи пред 20 илјади луѓе - изјави Величковиќ.

    Новица никогаш не ги крие емоциите кон клубот од Хумска

    Сите знаат колку го сакам Партизан. Тоа ќе биде ново чувство за мене, никогаш не сум играл против мојот Партизан. Од искуствата на другите играчи знам дека не е нималку лесно. Знам дека така ќе ми биде и мене.

    Иако на паркетот ќе истрча во дресот на Кралскиот клуб, Новица едвај ја чека новата средба со Гробарите

    Ќе биде тоа емотивен момент, пред навивачите со кои израснав. Реал е во прв план, моја должност е да сторам се што можам мојот клуб да победи. Ништо нема да се смени во Белград - заклучува Величковиќ.