Втор „дабл-дабл“ на Антиќ оваа сезона
18.03.2014 11:28
| KumanovoNews
Перо Антиќ беше еден од најзаслужните играчи на Атланта на гостувањето во Шарлот, за победа од 97-83.

Веднаш после Пол Милсап кој постигна 28 поени, најзаслужен беше Антиќ со 11 поени и 10 скока, со што го постигна вториот „дабл-дабл“ оваа сезона.
Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:
- Индијана - Филаделфија 99:90
- Бруклин - Феникс 108:95
- Чикаго - Оклахома 85:97
- Хјустон - Јута 124:86
- Далас - Бостон 94:89
- Денвер - Л.А. Клиперс 110:100