×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вујошевиќ: Ми недостасува клупата

    21.04.2011 14:41 | KumanovoNews

    Почнува да ми недостасува теренот, но не поради тоа што немам што да правам во животот. Во финалето на НЛБ лигата, квалитетот е на страна на Партизан - изјави трофејниот стручњак.

    Вујошевиќ: Ми недостасува клупата

    Кога ќе споменете шампион на НЛБ лигата, некако пропратно следи и името Душко Вујошевиќ. Најтрофејниот тренер во историјата на регионалното натпреварување е специјален гост на завршниот турнир кој се игра во Љубљана.

    Во прв ред Вујошевиќ ги следеше натпреварите од полуфиналето на НЛБ лига во за него непрепознатлива перспектива.

    Почнува да ми недостасува теренот. Ми недостасува тоа што не сум покрај него, туку како гледач. Јас сум тренер и тоа е битен дел од мојот живот, но не ми е сведен животот на тоа. Ми недостасува теренот но не поради тоа што немам што да правам во животот.

    Иконата на јужната трибина не крие дека размисува за нов ангажман додека не се реши ситуацијата со московски ЦСКА.

    Сеуште сум под договор со нив и во таква позиција имам обврски кон клубот, како и клубот кон мене.

    За денешното финале помеѓу Партизан и Олимпија кое ќе се одигра во 20:45 минути, Вујошевиќ прокоментира кратко.

    Квалитетот е на страната на Партизан, но Олимпија ја има предноста на домашен терен и тоа може да биде важно и значајно во финалето. Се надевам дека Партизан ќе победи - изјави Вујошевиќ.