Започнаа олимписките игри на село
Денеска во Општина Старо Нагоричанe започнаа училишните олимписки игри на село во О.У. „Светозар Марковиќ“, под покровителство на градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Оваа Олимпијада се одржува за прв пат, а се надеваме дека од наредните години ќе прерасне во традиција. Општината секогаш ќе го подржува спортот, затоа што тој е предуслов за развој на здрави личности меѓу младите. Децата на село имаат голем потенцијал, а ние како рурална општина треба да им помогнеме да се изборат за своето место во спортските натпреварувања-рече на отварањето градонаначалникот Јовановиќ.
Во натпреварувањето учествуваат ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци„ од селото Пчиња,„Вера Которка„ од Клецовце, „Толи Зордумис„ од Резановце, „Карпош„ од Умин Дол, „Христијан Карпош„ од Младо Нагоричане и „Христијан Карпош„ Драгоманце. Тие се натпреварува во: улична трка, скок во далечина, фрлање ѓуле, кошарка и фудбал, а сите дисциплини се во машка и женска конкуренција.
Игрите започнаа со доаѓање на олимпискиот огин во училиштето и со пригодна програма, а продолжуваат и утре кога ќе бидат прогласени победниците.
На отварањето на игрите присуствуваа: претставници на Агенција за млади и спорт, Федерација на Училишни спортски игри на РМ, кандидатите за пратеници Трајко Вељановски, Гордана Јанкуловска, Иван Стоилковиќ и Дарка Петрушевска, директорите на Ј.П. „Македонија пат“ Горан Стојковиќ и на Македонски пошти - Куманово Милован Стојковски и граѓани.