×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнува зимската пауза за кумановските спортисти

    30.12.2010 15:15 | KumanovoNews

    Со одложувањето кошаркарскиот меч помеѓу Куманово и Пелистер, започнува малата зимска пауза која ќе ја имаат кумановските екипи пред почетокот на втората половина на првенството.

    Започнува зимската пауза за кумановските спортисти

    Ракометарите својот настап оваа година го завршија триумфално уште на 17. овој месец. Во салата Гемиџии во Велес поразена беше екипата на Борец со резултат 25:28. Кумановчани презимуваат на 5. позиција на табелата со 13 поени. Пред нив е неприкосновениот Металург со 36 бода, Вардар ПРО со 30, В.В.Тиквеш 06 има 19, Пелистер 16, а под нас се екипите на Тинекс Пролет со 7 и Борец со 3 бода.

    Кошаркарите на Куманово и немаат многу одмор на располагање. Веќе на 12 јануари ја играат првата рунда од Куп натпреварите во Прилеп против Ултимејт Баскет, а на 15 се игра реваншот во Куманово. Во текот на реугалрниот дел од сезоната Кумановчани забележаа една победа против прилепчани.

    Победникот од овој двомеч игра на домашен терен против бранителот на Купот Фени Индустри на 19. јануари.

    Потоа од 29 јануари продолжува регуларното коло, каде Куманово ќе игра потив Пелистер од Битола. Кумановчани се наоѓаат на осмата позиција на табелата со 18 победи и скор од 4 победи и 10 порази. АБА Струмица, Овче Поле и Лирија се екипите кои се наоѓаат пред нас и се со бод повеќе, па доколку Куманово успее да изигра постабилно во завршницата на првенството, веројатно и ќе успее да се пласира повисоко од шестата позиција, која ќе му донесе пласман во Супер лигата.