Мени

Женскиот тим на Пелистер гостува во Куманово

02.04.2016 14:07 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово утре во салата на ОУ Христијан Тодоровски Карпош ја пречекуваат екипата на Пелистер.

Женскиот тим на Пелистер гостува во Куманово

Овој натпревар се игра во рамките на 13.коло во кое уште се среќаваат тимовите на Ѓорче - Овче Поле СУ и Вардар Јуниор - Металург.

Ракометарките се наоѓаат на третата позиција со 18 бода и натпревар повеќе во однос на Пелистер кој е на четвртата позиција и има 10 бода.

Дуелот помеѓу Куманово и Пелистер започнува во 14:30.