ЖРК Куманово домаќини на второто коло од ВРХЛ лигата
25.10.2019 17:41
| KumanovoNews
Кумановските ракометарки, во рамките на Женската регионална ракометна лига (ВРХЛ), од петок до недела ќе бидат домаќини на второто коло од лигата, против екипите на Рудар од Црна Гора и ЖРК Зајечар од Србија.

Во петок ЖРК Куманово, со почеток во 20 часот ќе игра против екипата на Рудар од Црна Гора, додека пак во недела со почеток во 17:30 часот, Куманово ќе игра против екипата на ЖРК Зајечар од Србија.
Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала СОУ „Перо Наков“.
Во сабота, во 14:00 часот, своите сили ќе си ги измерат и екипитe ЖРК Зајечар и ОРК Рудар.