Мени

ЖРК Куманово го пречекува Металург

29.03.2017 10:23 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово денеска во 19 часот играат против екипата на Металург од Скопје.

ЖРК Куманово го пречекува Металург

Натпреварот започнува во 19 часот а се игра во салата на Економското училиште. Металург е лидер на табелата со 14 победи и само 1 пораз. Куманово се наоѓа на третата позиција со 11 победи и 5 порази.

Во минатото коло, ЖРК Куманово забележа победа против Гевгелија со резултат 22:26.