Мени

ЖРК Куманово ја пречекува екипата на Гевгелија

20.10.2017 13:06 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово следниот меч го играат против тимот на ЖРК Гевгелија.

ЖРК Куманово ја пречекува екипата на Гевгелија

Натпреварот се игра во рамките на шесттото коло. Тимот на Куманово се наоѓа на  четвртото место на табелата со три победи и два порази, додека Гевгелија е шестта со една победа, една нерешена средба и три пораза.

Натпреварот ќе се одигра во сабота во салата на ОУ Христијан Карпош со почеток во 18:30.