ЖРК Куманово во моментот без тренер, Симе Симовски поднесе оставка

29.01.2020 12:19 | KumanovoNews

Неколку недели пред почетокот на вториот дел од домашното првенство, ЖРК Куманово остана без тренер, откако нивниот тренер Симе Симовски даде оставка.

ЖРК Куманово во моментот без тренер, Симе Симовски поднесе оставка

Според неофицијалните информации, нивната разделба се случила спогодбено, а во наредните денови од клубот ќе изберат ново раководство.

Тимот на ЖРК Куманово, во моментот се наоѓа на првото место на табелата од домашното првенство, со 13 победи од 13 одиграни натпревари.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk