11 Октомври - Денот на народното востание е неработен
10.10.2015 11:20
| KumanovoNews
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 Октомври 2015 година (недела), Денот на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.