23,20 проценти излезност до 15 часот во Куманово
30.09.2018 14:05
| KumanovoNews
Излезноста на гласачите во Куманово до 15 часот достигна 23,20 проценти или 19.579 гласачи, потврдуваа од ДИК.

Додека во Општина Липково излезноста е над 30,42 % или 7.666 гласачи, а во Општина Старо Нагоричане 12.45 или 418 избирачи.
Излезноста на ниво на државата е 22,5 отсто или на гласање излегле 334 илјади граѓани.
Инаку денешниот референдумски ден во Куманово поминува во мирна атмосфера, без регистрирани нерегуларности на сите гласачки места во општината.