×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 30 години „Хромак“ - бренд во трговија со бои и лакови!

    06.08.2018 09:36 | KumanovoNews

    Реномираната компанија за продажба на бои и лакови „Хромак“ од Куманово, слави 30 години постоење и успешна работа.

    30 години „Хромак“ - бренд во трговија со бои и лакови!

    Приказната започнува во далечната 1988 година, кога први во Куманово и меѓу првите во државата, сопствениците отвораат продавница за бои и лакови под семејното име „МАНАС-бои и лакови“.

    Поради зголемениот обем на работа и побарувачката на пазарот, во 2001 година компанијата инвестира во сопствен деловен објект, со современ канцелариски и магацински простор во населбата Доброшане, со што ја проширува својата работа и започнува со освојување на пазарот на големо под името „ХРОМАК“.

    Со многу труд, посветеност и квалитет на производите, компанијата се наметнува кај потрошувачите и деловните партнери и успева да се издигне во препознатлив бренд во својата дејност на територија на Република Македонија.

    Компанијата е увозник и дистрибутер на многу реномирани европски и светски брендови на бои за широка потрошувачка, авто-козметика и паркетна програма. Максима-Лучани, Невена Колор, Хромос, Кожул, Белинка, Адинг, Боди, 3М, Сиа, Долмар, Смирдекс, Челинџер, Стандокс и Спачва се само дел од брендовите, кои „Хромак“ успешно ги пласира на пазарот во Македонија.

    - Нашата професионалност и посветеност во работата се две клучни особини, по кои сме препознатливи на пазарот. Нашата компанија брои повеќе од 30 вработени, кои даваат несебичен допринос во развојот на компанијата - вели Борис Георгиевски, менаџер за продажба.

    Компанијата „Хромак“ од 2015 година е активно вклучена и во градежниот бизнис во Куманово. Прекрасниот и високо квалитетен станбено деловен комплекс „Пиано Престиж“ и комплексот „Бела“ во населбата Зелен Рид кој е во изградба, се доказ повеќе дека единствено квалитетот носи успех во работата.

    Инаку, компанијата е позната и по своето општествено одговорно однесување во заедницата. Постојано обезбедува донации за голем број правни и физички лица, а воедно е подржувач и на повеќето културни и спортски манифестации во градот.

    „Хромак“ е еден од најголемите спонзори на кошаркарскиот клуб „Куманово“ во периодот од 2014 до 2016, кога клубот ги забележуваше најголемите резултатски успеси и имаше најконкурентен играчки ростер во историјата на нашиот град.

    - Развојот на нашата компанија е наш успех, но и успех на сите наши клиенти, потрошувачи, деловни партнери, граѓани, кои несебично ни ја даваа подршкатта во изминатите 30 години. Затоа сакам да им се заблагодарам на довербата и да ветам дека „Хромак“ ќе продолжи да расте и да се развива заедно со нив и со нашиот град, - додава Георгиевски.

    „Хромак“ е еден од најголемите брендови во трговија на бои и лакови, кој е препознатлив не само во нашата држава туку и во регионот.