370 слободни места на Факултетот за бизнис администрација
24.06.2015 07:12
| KumanovoNews
На Факултетот за бизнис администрација во Куманово, при Државниот универзитет Тетово има 370 слободни места за упис на студенти во прва година во академската 2015/2016 година.

Во конкурсот на Министерството за образование и наука стои дека има 190 места за редовни студенти, и 160 за редовни студенти со кофинансирање, додека 20 места се за вонредни студенти.
Катедрите за информатика и англиски јазик годинава се ставени во мирување.