70 милиони евра за патишта во Североисточниот регион, најави министерот Сугаревски
Околу 70 милиони евра планира да потроши Владата за изградба на патната инфраструктура во Североисточниот регион.

Како што најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, при денешната посета на Општина Куманово, во програмата е предвидена изградба на експресни патишта, но и реконструкција на магистралните и регионални патишта.
„Во план е во овој Kумановски регион да бидат изградени поголем дел на патишта. Во делот на патната инфраструктура се планираат некаде околу 70 милиони евра, станува збор за дел експресни патишта и дел за реконструкција на патишта, кои не поврзуваат со Република Бугарија. Конкретно експресниот пат Ранковце – Крива Паланка - Деве Баир. Исто така во план е реконструкција на патиштата од Опае до Никуштак. Во овој период имаме силна активност поврзана со овој регион и се надевам дека со поддршка на локалната самоуправа овие средства ќе бидат искористени“,- изјави Сугарески.
Министерот не прецизираше во кој временски период ќе се реализираат највените проекти.
Сугаревски разговарал со Димитриевски и за проекти што треба да се релизираат оваа година за изградба на водоводна и канализациона мрежа во Општина Куманово, проекти во висина од 1,5 милиони евра, средства обезбедни од Европска инвестициона банка.