Аеросолизацијата го намалува загадувањето на возухот во Куманово, тврдат надлежните
Прскањето за намалување на аерозагадувањето во општината ги дало првите резултати, тврди градоначалникот Максим Димитриевски.

Општина Куманово минатиот вторник започна со аеросолизацијата на возухот во централното градско подрачје за да се намали загаденоста на возухот, и прскањето покажало позитивен ефект.
„Со Факултет за земјоделски науки и храна и Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИНКИ) и ЈП „Чистота и зеленило“ и надлежните инспекциски служби изготвивме програма и започнавме со аеросолизација на воздухот на најпрометните места во градот, и првичните резултатити се многу задоволителни. Истражувањата ќе се работат еден месец и потоа ќе искочиме со прецизна информација, бидејќи паралено се врши запрашувањето и се мери нивото на загаденоста“, - изјави Димитриевски.
Прскањето се врши во вечерните часови, од 20 до 1 часот по полноќ во централното градско подрачје. Со оваа метода се врши зафаќање на ПМ10 честичките кои се таложат на улиците.
Мерката за аеросолизација е дел од акцискиот план за почист воздухот, бидејќи со години наназад Куманово е една од најзагадените општини во државата.