Акција во “Гоце Делчев„ по повод Светскиот ден на чистењето
13.09.2018 11:42
| KumanovoNews
По повод Светскиот ден на чистењето - 15 септември, утре ќе се одржи еколошка акција во населбата Гоце Делчев, покрај хотелот „Мимоза“.

Истовремено ќе се садат дрвца и цвеќе на Градскиот плоштад.
Акцијата ќе започне во 10 часот, а ја организира ЈП „Чистота и зеленило“, во соработка со Општина Куманово и Кумановски акцијаши.
Можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани.
Од претперијатието соопштуваат дека и во изминатиот период се чистело на повеќе локации: во населбите Карпош, Ѓорче Петров и Гоце Делчев, Спомен костурница, Долно Којнаре, Средорек и др.