Александар Драгишевски четврти на меѓународна изложба во БИХ
12.09.2015 13:17
| KumanovoNews
Александар Драгишевски, член на фото клуб “Куманово“ неодамна освои четврто место на меѓународна изложба на фотографии во Добој, БИХ.

Тој се пласираше на 4-то место во конкуренција на 300 автори од 60 земји од светот. За него ова е голем успех и се надева дека во иднина ќе има уште подобри резултати.
Задоволен сум бидејќи од толку многу автори успеав да стигнам до добар пласман. На наградената фотографија е претставена баба која пржи риби и се подготвува за верски празник. Сакам понатаму да се надградувам и да бидам што подобар - рече фотографот.
Драгишевски веќе три години се занимава со уметничка фотографија.