×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Анѓушев и Димитриевски на средба со бизнисмените во Куманово

    27.09.2017 07:10 | KumanovoNews

    Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Максим Димитриевски, вчера се сретна бизнисмените од Куманово, каде што ги објасни мерките на Владата за унапредување и развој на економијата во државата.

    Анѓушев и Димитриевски на средба со бизнисмените во Куманово

    Мерките се базираат на три столба, првиот столб се однесува на општиот економски развој, вториот столб е за поддршка на извозно ориентираните компании, а третиот столб се однесува на малите и средни претпријатија.

    „Има значаен број на мерки главно тие се структурирани така да бидат балансирани, да бидат исти и за македонските и за странските компании, практично сите тие компании ние ги третираме за македонски компании и сметаме дека тоа ќе овозможи поддршка која што ќе биде транспарентна, која што нема да биде базирана на база на преговори и ќе биде, се надевам на крај на задоволство на сите граѓани во Македонија, бидејќи само со економски раст можеме да обезбедиме подобар живот за сите во Македонија, изјави Анѓушев.

    Министерот посочи дека стопанствениците во Македонија имаат најголема забелешка на предходната Влада, затоа што не биле третирани на еднаков начин како што биле и странските инвеститори.

    „ Ние и понатаму странските инвеститори ќе ги поддржуваме можеби и уште посилно од тоа што досега било. Значи не сакам да се стекне впечаток дека некој има против тоа, напротив мислам дека сите тие се многу задоволни од мерките кои што сега ги има, бидејќи тие не се на база на преговори, туку се по една транспарентна шема и симулациите кои што ги имаме покажуваат дека странските инвеститори особено добрите странски инвеститори, компаниите што се добро познати интернационално тие би биле уште подобро поддржани со новите мерки, отколку со договорите кои што претходно ги имале, но по една транспарента структура и сега разликата е во тоа што и македонксите компании ги имаат истите права“,- додаде Анѓушев.

    Нерамноправниот третман се однесувал на тоа што одредени компании не плаќале персонален данок и данок на добивка, затоа што креирале нови работни места, а од друга страна македонските компании немале такви привилегии и морале да се борат на пазар на трудот.

    Министерот најави поддршка на оние фирми кои ќе дадат повисока плата од 50 проценти од минималната плата во Македонија, а за високоплатените работни места плус две просечни плати. Тоа се однесува на високо образовани кадри да останат во Македонија и тука ја градат својата иднина.