×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Анита Спасовска од Бучен Козјак најдобра менаџерка на годината

    22.12.2017 18:39 | KumanovoNews

    Анита Спасовска, директорка на компанијата Бучен Козјак од Куманово ја доби наградата најдобра менаџерка на годината што ја доделува Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ).

    Анита Спасовска од Бучен Козјак најдобра менаџерка на годината

    Наградата за најдобар менаџер на годината му е врачена на Игор Крпачовски, од компанијата АрцелорМиттал.

    Свеченоста се одржа вчера во Скопје Мериот Хотел каде присуствуваа околу 150 претставници од бизнис, политичката, културната и медиумската заедница на Македонија, како и видни гости од асоцијациите на менаџери од регионот.

    Асоцијацијата на менаџери на Македонија е независна деловна организација, основана во декември 2015 година, чија цел е деловно вмрежување, едуцирање, промовирање и застапување на интересите на членовите-менаџери. Целта на асоцијацијата е да стави посебен акцент за создавање обединета, координирана и организирана деловна мрежа на менаџерски организации од земјите во регионот, преку промоција и развој на лидерски и менаџерски вештини и знаења, како и на континуирано вложување во човечки ресурси кои претставуваат основна претпоставка за натамошен општествен и економски препород на регионот.