АПМ го честита 11 Октомври на граѓаните
Алијансата за позитивна Македонија на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот национален празник, 11 Октомври –Ден на народното востание и Ден на борецот.

На 11 Октомври започна историското востание, кое по четири години борба доведе до национално и социјално ослободување на македонскиот народ и другите националности и создавање на сопствена, суверена и независна држава, која беше сон и желба на многу генерации низ вековите. На борците од народноослободителна и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 им изразуваме посебна благодарност и чест, и се поклонуваме пред нивното дело, а на живите борци им посакуваме добро здравје,- стои во честитката од општинската организација на АПМ Куманово.